Tags: , , ,
Третата генерација на Peugeot 3008 ќе биде поставена врз новата eVMP платформа

Нова платформа за новиот Peugeot 3008

» PSA групацијата веќе го има одредено генералниот правец по кој ќе ги развива своите модели. Стратезите на компанијата сметаат дека хармоничниот развој на електричните возила ќе биде одлучувачки фактор во релевантноста на нејзината понуда. Тоа е доволна причина третата генерација на Peugeot 3008 која на пазарот пристигнува за три години, да биде поставен на целосно нова платформа. Наречена eVMP (Electric Vehicle Modular Platform), таа освен вградувањето на мотори со внатрешно согорување ќе биде наменета за поддршка на хибридна технологија, потоа на плаг-ин хибриди и, се разбира, на чисто електрични возила на батерии.

Во eVMP е сконцентриран целиот инженерски напор за вградување на сет од батерии со капацитет помеѓу 60 и 100 kWh кој би требало да овозможи автономија на движење од 400 до 650 километри, мерено според WLTP процедурите. Новата платформа ќе овозможи вградување на електромотори со силина 136 до 340 KS кои би ги движеле само предната или пак двете оски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *