Tags: , , ,
Polestar O₂ – Шведски кислород за сите (видео)

За опстанок на загрозениот вид

» Кабриолетите се загрозен вид, но нема да исчезнат. За тоа свој придонес ќе даде и шведско-кинескиот Polestar, кој го подготви концептот со ознака O. Барем така се надеваме бидејќи во нивното соопштение нема ни збор за евентуално производство – сé што најавуваат е дека во следниве три години ќе претстават три нови модели без да прецизираат какви. Но како и да е, Polestar O₂ е свеж поглед во светот на 2+2 купе-кабриолетите со дводелен покрив со алуминиумска рамка и стаклени панели. Дизајнот му е еволуција на стилот лансиран со Precept и посочува какви ќе бидат најавените нови модели на марката. Концептот е поставен на нова алуминиумска платформа од сопствен развој која ќе се користи кај идните сериски модели почнувајќи од Polestar 5 кој се очекува во 2024 година. Технички спецификации нема освен дека е електричен, а вниманието треба да го привлече и автономниот дрон „спакуван“ во неговиот заден дел – погледнете го видеото за да ви стане јасно за што зборуваме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *