Tags:
Не 282 туку 401 милион долари е штетата од пожарот на бродот со автомобилите на Volkswagen

Нели е ова премногу?!

» За пожарот кој се случи минатата недела на бродот кој превезуваше автомобили на групата Volkswagen за САД се појавија многу вести, од кои голем дел се занимаваа со проценката на штетата. Но во сите до една се признава дека бројките не се финални бидејќи во моментов пожарот сé уште тлее и никој не може да се качи на бродот за ништо, најмалку да изврши проценка. Оние вештите со документите, пак, излегуваат секој нов ден со нови бројки за кои уверуваат дека се тие вистинските. А сите до една се која од која полоша – се тргна од 155 милиони, па се искачи на 282 за сега да се стигне до 401 милион долари само кај автомобилите (без останата штета на бродот), кои според товарниот лист вредат 438 милиони долари. Не може а да не се запрашаме – нели е ова премногу?!

Да потсетиме, на скоро двесте метри долгиот брод беа товарени 3.965 автомобили, од кои 1.100 од марката Porsche, 189 Bentley, неколку десетина Lamborghini и другите Audi и VW. Се верува дека ако не настанал, тогаш пожарот во голема мерка бил потпомогнат од батериите на електричните автомобили, кои е тешко да се изгаснат. И уште нешто – како штета која нема да може да се процени треба да се впишат и неколкуте автомобили Lamborghini Aventador чие производство во очекување на новиот модел е завршено, бидејќи ќе биде многу тешко, ако не и невозможно, наново да се покрене целиот синџир на набавки да се направат загубените возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *