Студот ги дига цените на нафтата на над 100 долари

Нафтата на 7-годишно рекордно ниво

» Цените на суровата нафта се зголемија на повеќе од 93 долари, и тоа само како резултат на малите прекини во американските испораки и тековните политички тензии меѓу Русија и Украина, што е највисоко ниво во последниве седум години. Веќе е извесно дека границата од 100 долари лесно може да биде пробиена, полесно отколку што се веруваше бидејќи треба сериозно да се смета со уште еден фактор – студот. Не само заради зголемените потреби за греење туку и отежнатите испораки и нивните евентуални прекини кои студот може да ги предизвика во нафтените наоѓалишта во САД. Плус на ова негативно влијае и традиционалната инертност на ОПЕК во ситуации коа е потребна брза реакција. Така, ни се допаѓало или не, мора да очекуваме уште нафтени потреси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *