Проблеми со менувачот

Некои грешки на возачот можат сериозно да го оштетат

» Менувачот на возилата, иако ретко се случува, може да се расипе од неколку причини, меѓу кои  најважни се грешките во неговата употреба. Како прво и најбитно, секогаш треба доволно силно да ја притиснеме педалата на спојката, инаку ќе слушнеме звук кој потсетува на стругање. Ако тоа ви се случи прв пат веројатно нема штетно да се одрази на исправноста на работата на менувачот, но со зачестеното појавување можно е да се оштетат синхроните прстени. Во тој случај тие веќе не можат да ја вршат својата функција за изедначување на бројот на вртежите меѓу двете вратила во менувачот за без пречки да се промени степенот на пренос.

Возачот овој проблем ќе го почувствува како зголемување на отпорот при поместувањето на рачката на менувачот, проследено со механичко крцкање. Препорака е кога ова ќе се јави во што е можен пократок временски период да се отиде на сервис бидејќи можни се и други причини кои предизвикуваат слични симптоми, што на крај ќе испадне полошо. Секое тактизирање и чекање може само да ги зголеми проблемите. Пример е кога заради други причини во маслото на менувачот може да се појават метални струготини кои настануваат со нередовно абење при промената на степените на пренос. Тие остатоци ги оштетуваат лежиштата на менувачот и запчениците во него, што во најлош случај може да предизвика возилото да не може воопшто да мрдне од место.

f

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *