Tags:
Кои автомобили се произведуваат во Казахстан?

Што сé (не) знаеме за Казахстан

» За земјата која погодена од кризата толку многу ја среќаваме низ вестите толку малку знаеме што едвај ќе ја најдеме на картата. Знаеме дека е голем производител на нафта и природен гас, но не знаеме и дека во неа се произведуваат возила, чиј пораст на цената на горивата за нив беше и причина таа да се најде во топ-вестите на сите меридијани. Според она што може да се дознае, три компании во Казахстан во првата половина на 2021 година произвеле (всушност монтирале) околу 39 илјади возила, што иако е бројка во пораст сепак е премалку за земја со 19 милиони жители распослани на територија голема колку две третини од Европската унија што ја прави 9-тата најголема земја во светот. Од нив скоро 35 илјади се автомобили, четири илјади и нешто камиони и околу петстотини автобуси. Тие се од марките Chevrolet, Hyundai, Kia, Lada, UAZ, GAZ, Renault, Peugeot, узбекистанскиот Ravon и кинескиот JAC. Едно време и Toyota, SsangYong и Škoda имаа монтажа, а во Казахстан се произведуваат и компоненти за камионите на рускиот Kamaz.

Возниот парк на земјата изнесува нешто помалку од 4 милиони возила, а цената на бензинот околу 25 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *