Едноставно, ама ефикасно
» Возачите често слушаат за попречниот стабилизатор (anti-roll bar на англиски), по правило во сервис кога треба да се заменат неговите гумени прстени. Но ретко кој навистина знае што е и зошто служи. Улогата на овој доста едноставен механички склоп е битна – го намалува навалувањето на каросеријата на возилото. Имено, тој во основа е торзиона пружина поврзана со ослонувањето која со своето усукување под дејство на различните сили на левото и десното тркало не дозволува нивните вертикални поместувања многу да се разликуваат. Впрочем, погледнете го видеото и ќе ви стане јасно.