Tags: , , ,
Кинеските возила на Tesla подготвени за извоз во Европа

Ќе ги купуваат ли Европјаните?

» Tesla Model 3 жари и пали на пазарите ширум Европа, но дали ќе остане така откако ќе стигнат возилата произведени во Кина? Според тамошните медиуми 7.000 примероци на Model 3 веќе чекаат утовар на пристаништето во Шангај. Патот од таму до Стариот Континент ќе трае најмалку 30-тина дена, што практично значи дека првите купувачи ќе ги добијат кинеските возила на Tesla најрано на истекот на оваа, а поверојатно на почетокот на идната година. Тие ќе пристигнат во Белгија, откаде ќе бидат дистрибуирани уште во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *