Tags: ,
Abadal (1912-1930) – 2*видео

Моќта на ентузијазмот

» Франциско Пако Абадал беше дилер на Hispano Suiza во Барселона кога одлучи сам да произведува возила. Првите примероци од марката која ја нарече со своето презиме излегоа во 1912 година. Имаа мотори од белгискиот производител Imperia, со која Abadal воспостави тесна соработка. Затоа и некои од моделите се познати како Imperia-Abadal. Но првата светска војна ги прекина заедничките активности. Откако Пако Абадал во 1916 година стана застапник на Buick започна да ги користи нивните мотори, а автомобилите ги продаваше под ознаката Abadal-Buick. Ја обнови и соработката со Imperia, но соочувајќи се со застарените методи на производство, во 1923 година прекина со него. Последниот обид да се врати на пазарот го направи во 1930 година кога претстави модел базиран на механиката на американскиот Hupmobile.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *