Пливачки замаец – може ли да се замени со обичен?

Заштеда која може да направи повеќекратна штета

» Во напливот стари дизел возила од странство за кои ако има делови тогаш се скапи, сопствениците често пристапуваат кон импровизирани решенија за проблемите што ги имаат со нив. Еден таков проблем кој се јавува често е пливачкиот замаец, кој чини три пати повеќе од обичниот едноделен. Оттаму и дилемата дали пливачкиот замаец може да се замени со обичен. Краткиот одговор е баш и не, бидејќи заштедата може да направи повеќекратна штета. За долгиот одговор треба да се запознаеме со природата и намената на ова техничко решение кое служи за придушување на вибрациите на моторот и ударните динамички оптоварувања за да се заштитат виталните делови на моторот.

Пливачкиот замаец е составен од два одвоени дела поврзани со пружини кои можат меѓусебно да се поместуваат еден во однос на друг. Кај постарите дизели неговата функција делумно ја преземаше спојката, исто така со дводелна изведба со фрикционен венец и средишно јадро поврзани со пружини, а делумно носачите на моторот. Но кај новите дизелски мотори со турбокомпресор се јавуваат нагли порасти на вртежниот момент и силината и улогата на динамички амортизер и придушувач ја има пливачкиот замаец, додека спојката е крута. Ако тој се замени со обичен, посебно кај турбодизелите со директно вбризгување со пумпа-бризгалка кои повеќе вибрираат од оние со common-rail системи, може да дојде до оштетувања на виталните делови на моторот – лежиштата, коленастото вратило, клипниците и друго, односно до негово уништување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *