Tags:
Возење во снежни услови: Само трпение и внимание

Како да се постапи во снежни услови

» На сите возачи кои не се чувствуваат угодно во возењето во снежни услови, а притоа и никогаш не користеле ни синџири за снег, единствениот вистински совет е да не тргнуваат на пат ако сметаат дека ќе ги следи голема количина снег на патиштата. Собирањето искуство на подолго патување не се препорачува – пат целосно прекриен со снег не е вистинското место за прво возење во такви услови. Искуството треба полека да се собира – можеби првиот пат на празен паркинг, па потоа некој ден со помалку сообраќај на пократки релации и празни патишта. Но ако веќе не можете да останете дома, тогаш оставете го дома стравот од снегот на патиштата и наоружајте се со трпение и внимание. Едно се советите на хартија, а реалноста зад воланот сосема друго – чувството во возењето по снег е индивидуално за секое лице, а вештината на управување во такви услови (со и без синџири) се стекнува исклучиво со пракса.

Добра препорака е пред зимата да ги стегне своите канџи секој возач сам да проба на суво да ги намести синџирите за снег – ако не му оди директно на возилото, тогаш прво на резервното тркало. Учењето како се местат синџирите среде завеан пат, на ниски температури, додека снегот врне, често и со ветер, нималку не е пријатно. Треба да знаете и кога треба да се монтираат синџирите – ако ги ставите прерано ризикувате оштетување на пневматиците и подвозјето, а ако ги ставите предоцна ризикувате сé. Исто треба да знаете и дека зимските пневматици кои мора да ги имате на сите тркалата, не се семоќни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *