Памет во глава!
 

Не е за секого оф-роуд возење

» На теренско возење многу е важно секогаш да се биде свесен за околината и никогаш, ама никогаш да не се потценуваат опасностите што демнат. Пред било каква теренска авантура добро треба да се преиспита искуството и ако има најмал сомнеж за сопствените способности да не се тргнува. Пример што може да се случи е возилото што го гледате, управувано од 23-годишна девојка која со својот сопатник тргнале некаде уџум по планините на Колорадо. Но во еден момент дошле до место што ги исплашило да продолжат понатаму и решиле да се свртат и вратат назад. Сопатникот излегол од возилото да ѝ покаже, а таа, недоволно вешта да го стори тоа, се стрмоглавила низ планината цели 120 метри. За жестокоста на ситуацијата докажува и фактот дека при тркалањето од возилото испаднал и моторот. За среќа, таа и нејзиното куче кое било внатре, иако со сериозни повреди, останале живи.

Сепак ретки се ситуациите со волку среќа – дури и побанални теренски несреќи можат да завршат фатално. Затоа, памет во глава!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *