Tags:
Купувате половен автомобил? <br/>Не правете некоја од овие најчести грешки

Што ви треба – мачка, вреќа или и двете?

» Купувањето автомобил, после куќата или станот, најчесто е втората најскапа инвестиција што ја имаме и затоа треба многу сериозно да се пристапи кон тоа. За жал, не размислуваме така – често понесени од она што го гледаме правиме отстапки, да не кажеме грешки, при одлучувањето кога купуваме половен автомобил. Затоа од круцијално значење е да се учиме на искуството на другите и слепо, без поговор, да почитуваме некои основни правила при тоа. Како прво би навеле задолжително да го испробате автомобилот што го купувате, колку тој и да изгледа совршен – без пробно возење веднаш елиминирајте го. Ако не се чувствувате вешти да ги препознаете симптомите на лош автомобил, замолете некој што ќе го направи тоа за вас и послушајте го што ќе ви каже без да се инаетете со него.

Можеби дури и поважно е да не бидете брзоплети и да не ги донесувате одлуките во момент на занос – подобро е да пропуштите добра прилика отколку после да се каете. Посебно ако се залетате за истите пари да купите поголем или полуксузен автомобил отколку што на почетокот сте планирале. Во тој случај, без разлика колку и да посакувате, добро размислете дали навистина ви треба токму таков автомобил бидејќи можеби нема да можете да си ги дозволите трошоците за неговото одржување, дури и кога тој навистина е добар избор. Во однос на тоа, секогаш претпоставувајте дека она што го купувате не е тоа што ви го претставуваат – дури и продавачот да е чесен 110 отсто, тој најчесто не знае што продава бидејќи автомобилот не е негов. И тој како и вие, иако има поголемо искуство да препознае лоша понуда, сепак е подложен на манипулации како што се враќањето на километражата, прикриени оштетувања па дури и фалсификувани документи. Затоа некаков доказ за историјата за автомобилот што обично се сведува на редовно пополнувана сервисна книшка може многу да значи, посебно во случаи кога автомобилот е во совршена состојба.

Впрочем, најголемиот сомнеж треба да го имате токму ако налетате таков автомобил, затоа секогаш, без исклучок колку и да се сметате за стручни, однесете го автомобилот на механичар. Но не на било кој – нека биде тоа овластен сервис кој за проверката ќе ви издаде некаков документ – нека чини колку и да чини, за подоцна да имате помалку главоболки. На крај, после сето ова, треба да сте свесни дека купувате возило кое некој пред вас го користел – колку бил совесен при тоа, не можете да знаете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *