Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>27 март 1999 година

Партнерство порамноправно од рамноправното партнерство

» На денешен ден 1999 година, предводени со идејата и харизмата на Карлос Гон, Renault и Nissan ја формираа својата стратешка алијанса која не беше ниту класично преземање ниту пак спојување, иако беше договорена размена на акции која имаше улога да се зацврсти договорот и покаже подготвеноста на двете страни за долгорочно партнерско делување, задржувајќи го својот идентитет и независните корпоративни култури. Но само во области и на проекти во кои и двете страни би биле согласни и би имале корист. Иако аналитичарите останаа воздржани за неговата иднина, ова здружување, различно од другите во автомобилската индустрија, ги преживеа сите предизвици, дури и падот на неговиот креатор, авторитативниот Карлос Гон кој ги држеше безмалку сите врвни раководни функции и во алијансата и во поединечните компании. На алијансата, како рамноправен член, во 2017-та се придружи и Mitsubishi откако една година претходно беше презеден од страна на Nissan.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *