Tags:
Ај честито нова цена на бензинот!

Бензинот стигна до 77, дизелот падна на 68 денари

» Понеделник е денот кога регулаторната комисија за енергетика го остри бричот, но тој овојпат остана половина тап. Според нивната одлука, цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а на дизелот се намалува за исто толку. Причината за ова горе-долу корегирање на цените на горивата се промените на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи – поскапувањето на бензинот за 1,292% и поевтинувањето на дизелот за 0,461%. Тоа, дополнето со зголемувањето на курсот на доларот за 0,103% придонесе од утре за литар еуросупер БС-95 да плаќаме по 77 денари, за литар еуросупер БС-98 по 79, а за литар еуродизел Д-Е V по 68 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *