И во 2021-вата без салони
» Годината 2020-та сите ќе сакаат да ја заборават – скоро сите настани беа откажани од пандемијата, а некои заради тоа и нема да преживеат. Во таква атмосфера одржувањето на салонот на автомобилите во Пекинг беше „првата ластовичка“, давајќи ни надеж дека работите полека се средуваат и идната 2021 година ќе започнеме да се враќаме во некаква си нормала. Но, стигна вест од Токио – организаторите го откажаа салонот на мотоциклите кој требаше да се одржи напролет. Официјалната причина не треба да ви ја кажуваме – доволно е да кажеме дека тој беше планиран да се одржи под слоганот „Гледање, допирање и доживување“.
Изразувајќи жалење за одлуката, организаторите во своето соопштение наведуваат дека се надеваат дека сé ќе биде во ред за манифестацијата во 2022 година. Следи краток видео осврт на ланското шоу.