Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>14 март 1974 година

Легенда која го редефинираше светот на суперавтомобилите

» Не постои тинејџерска соба од ’70-тите и ’80-тите години на чиј ѕид немаше залепено постер од Lamborghini Countach. Оваа легенда која го редефинираше светот на суперавтомобилите во своето сериско издание се појави на денешен ден 1974 година. Настана на основа на истоимениот концепт од пред три години, кој за разлика од серискиот модел место LP400 беше доозначен како LP500. Бројките всушност ја кажуваат работната зафатнина на V12 моторот која заокружено изнесуваше четири литри, а во стварност 3,9 литри. Од нив беа извлечени 375 коњски сили, доволни за 315 километри на час. Во текот на 16-те години колку што се произведуваше Lamborghini Countach доби и 4,8 и 5,2 литарски мотори, првиот со исти 375 а вториот со 455 коњи, но заради поголемата тежина тие не беа побрзи. Вкупно беа направени 2.049 примероци, а го наследи Diablo.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *