Tags: ,
Низа факти за патиштата во Емиратите (видео)

Како во некоја паралелна реалност

» Повеќе години патиштата во Обединетите Арапски Емирати конкурираат за најдобри на светот, а според некои оценки тие веќе се тоа. Некој ќе каже парите се во прашање, но доколку малку се замислите ќе видите дека вистината лежи на друго ниво, кое дури и ние, кои за секој километар од автопатот Кичево-Охрид ќе платиме над 10 милиони долари, можеме да ги имплементираме – ако не сите тогаш добар дел од нив.

Патиштата, посебно автопатишта во Емиратите, се модерни и со целосно запазени безбедносни стандарди кои се дури и повисоки од оние во развиените западни земји. Исто и одржувањето им е на ниво, кое е олеснето уште при нивната изградба со примената на најновите материјали и техники. Во тоа не ги спречи ниту интензитетот на градењето – тие за десет години двојно ја проширија својата патна мрежа, на 25.000 km. За да го спречат негативното влијание на жештината Арапите користат посебен вид мешавина на битумен и агрегати наречена структурен асфалт, кои сами ја создадоа. Површината на коловозот специјално е дизајнирана за да овозможи пустинскиот песок лесно и брзо да помине над неа и да не се собира и задржува. Во одредени области направени се специјални подвозници за слободно поминување на камилите, без загрозување на сообраќајот. Но бидејќи тие се застарено транспортно средство, се мислело и на камионите и на дел од автопатиштата за нив специјално се изградени паралелни патни правци на постојната рута со цел да не пречат на брзиот сообраќај. Тука треба да напоменеме и дека автопатот кој од Абу Даби води кон границата со Саудиска Арабија го има највисокото ограничување на брзината на планетава – дури 160 km/h.

За да сето тоа биде овозможено, безбедноста е сфатена многу сериозно. Сите патишта се поделени на контролирани секции со кои ризиците се намалени на минимум. Заради тоа и на некои делници е поставен асфалт со поинаква боја, кој укажува дека таму постои некакво ограничување на брзината. Дел од нив имаат и од левата страна безбедносна лента, а екипите за одржување на патната мрежа можат да пристапат до инсталациите на комуналната инфраструктура преку тунели специјално направени за таа цел. Ова значи дека нема потреба патиштата да се прекопаат или затворат, а со тоа и да се наруши сообраќајниот режим кога е време да се поправат или заменат делови од комуналната мрежа. Внимавано е и на природните ресурси, така што покрај патиштата во Емиратите можат да се забележат голем број дрвја и растенија, дури и во најоддалечените пустински области, кои се наводнуваат со рециклирана вода отпадна собрана од насекаде во текот на годината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *