Британските комунални служби смислија ефикасен начин против мераклиите кои секогаш се снаоѓаат за паркинг место
» Вечната борба на надлежните градски органи кои треба да воведат ред во сообраќајот (секако и паракирањето) и возачите на кои секогаш нели, им недостасува така потребниот паркинг простор, британските власти ја решаваат со ефикасен уред кој – буши гуми.
И буквално еднаш поставен на тротоарот, штом на него нагазне тркало од возило, заоблениот дел се притиска надолу а од на површина избива шило кое без многу двоумење се забива во пневматикот.
Едноставно и евтино решение кое прекршителот ќе го натера да го употреби резервното тркало или пак ако добро „нагазил“ со двете тркала, да го повика најблискиот вулканизер.