Tags: , , ,
Камион ли е, или термо-централа? (видео)

На ужас на екологистите!

» Кога од перспектива на патнички автомобил ќе наидеме на камион, секогаш ни се создава мала нелагодност. Понекогаш се работи за неоправдано чувство, но има и практични ситуации, како што е на пример разминувањето, кога нашиот автомобил знае да биде под влијание на воздушните струи создадени от големите димензии. Да не го споменуваме воопшто престигнувањето кое знае да трае цела вечност.

Американците знаат – токму престигнувањето на класичниот Peterbilt 379 е најдобар доказ за тоа правило – тој тешко се престигнува. Всушност тој е еден од најмоќните американски камиони и најчесто е во ситуација тој да престигнува, посебно ако е ослободен од товар. Тогаш на сцена стапуваат неговите 605 KS колку што ги има во најмоѓната верзија, кои јасно го истакнуваат своето присуство. Со облаци од црн чад!

Всушност вистинската опасност е ако ве престигне, сигурно неколку секунди ќе возите зад црна димна завеса, што ќе признаете дека воопшто не е пријатно искуство. Инаку, Peterbilt 379 е произведуван од 1987 до 2007 година, и токму поради својот непријателски однос кон природата е пензиониран. Но тоа не значи дека е тргнат и од патиштата – сé уште има одлично сочувани примероци кои возат ли, возат. На ужас на екологистите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *