Tags: , , , , ,
Kaengsaeng 88 или Pyongyang 4.10, кој ли ќе го знае

Mercedes 190 Made in North Korea

» Откако после меѓусебната војна ја победи гладта и ја постави на нозе својата тешка индустрија, Северна Кореја имаше силна потреба за самодокажување за што како алатка беше употребено автомобилското производство. Јасно, земјата немаше капацитет за создавање сопствени возила, заради што се применуваше единствениот можен начин – копирање на нешто веќе постоечко кој друг го развил и произвел. Во таа еуфоријата во 1988 година претпријатието Pyongsang Auto Works по налог на претседателот Ким Ил-сунг се зафати да направи лимузина за високите политички функционери. Од Тајланд приватно беа набавени неколку примероци од Mercedes 190, кои беа расклопени и ископирани. Барем однадвор, бидејќи разликите меѓу германскиот оригинал и корејскиот модел кој во недостиг на вистински информации низ светот е познат како Kaengsaeng 88 што во превод значи Преродба 88 и всушност може да биде и називот на манифестацијата каде е претставен бидејќи на фотографијата одзади му стои ознака Pyongyang 4.10, беа само во маската.

Но под лимот сé беше друго – во носот се наоѓаше реплика на советски мотор со четири цилиндри за кој не се познати никакви податоци, возилата немаа десен ретровизор, ниту греење и вентилација, а како резултат на лошиот квалитет вратите не дихтуваа а стаклата не се затвораа добро. Се верува дека од овој модел беа направени само неколку примероци, иако некои други информации кажуваат поинаку. Интересно сепак е дека со текот на годините (да не кажеме децениите) меѓу ретките фотографии од Северна Кореја се среќаваат и неколку на кои се гледаат барем уште три други копии на Mercedes 190.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *