Tags:
Може ли DPF филтерот да се измие со вода (видео)

Само ако е во прашање помало затнување

» DPF филтерот повремено бара регенерирање за да се отстранат од него насобраните честички саѓе, а ако тоа не се стори тој треба да се исчисти. Бидејќи е од керамика во случај на помало затнување можно е да се измие со топла вода. Ако подолго се возело со затнат филтер доаѓа до високи температури кои можат да го оштетат и тој треба професионално да се исчисти, а во потешките случаи и да се замени. Ако пак филтерот за цврсти честички се извади, потребно е да се прилагоди и софтверот на управувачката електроника на моторот кој препознава дека тој недостасува и ќе јавува грешка, што нималку не е едноставна процедура и може да се направи само во високостручен специјализиран сервис со искуство и потребни уреди. Ако тоа не се стори неговата контролна сијаличка најчесто заедно со онаа за моторот и понатаму ќе се пали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *