Tags:
Мамурлукот е еднакво опасен како и пијанството

Кога сте мамурен, не возете!

» Добра чашка, две или повеќе значат дека не смеете да седнете зад управувачот. Но многумина не се ни свесни дека ни после не е ништо подобро – мамурлукот може да го одвлече вниманието на возачот исто како и пијанството, за кое сепак колку-толку сме свесни. Имено, иако дури и следното утро кога алкохолот во крвта е под дозволената граница или на нула, возачот е ненаспан и неговите реакции се забавени. Затоа бидете строги во поглед на тоа, према себе но и према другите бидејќи научниците тестирајќи волонтери во 20-минутна симулација на возење имаат утврдено дека мамурните возачи прават многу повеќе грешки отколку што се претпоставува. Иако возачите се тестирани откако нивото на алкохол во крвта им се има спуштено на нула, квалитетот на нивното возење бил сличен како да биле пијани. Тоа се објаснува со тоа што сите симптоми на мамурлукот лошо влијаат на возењето – главоболката, вртоглавицата, пречувствителноста на светло и звук, мачнината, болките во мускулите, дехидрацијата…

Последно наведеното е еден од најуочливите симптоми на мамурлукот, но може да биде и најопасен бидејќи повеќето луѓе не размислуваат многу за доволен внес на течности во организмот воопшто, а дехидрацијата предизвикува опаѓање на концентрацијата. Во однос на тоа едно истражување на универзитетот во англискиот Лафборо откри дека веќе и благата дехидрација еднакво влијае на возачот како и количина алкохол малку над дозволената граница која таму е 0,8 промили. Затоа додека сте мамурни се препорачува да се пијат течности, најдобро вода, во значителни количини. Заборавете на онаа состојба на умот: „Ма, го можам јас тоа, ако пред возењето јадам нешто, отворам прозорец и ја ставам климата на ладење, брзо ќе се вратам во нормала“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *