Колку троши клима уредот?

Трошел, не трошел, треба да работи

» Денес веќе скоро и да нема нов автомобил без клима уред. Можеби и затоа поретко го слушаме прашањето колку троши, но едно треба да се знае – колку и да троши, тој треба да работи и лете и зиме. За тоа има две добри причини – првата е за да не се замаглуваат стаклата, а втората бидејќи на тој начин се продолжува трајноста на системот – разладниот флуид, она што ние го нарекуваме фреон, е збогатен со масло кое служи за подмачкување и заштита на внатрешната инсталација од корозија.

Што се однесува до трошењето, тоа зависи од големината на возилото и моменталните услови, но генерално клима уредот е голем потрошувач на енергија бидејќи ангажира голема сила од моторот, првенствено за работа на компресорот. Кај помалите автомобили тоа се 3 до 4 коњски сили, но кај поголемите и двојно повеќе. Соодветно на тоа се зголемува и потрошувачката на гориво, некогаш и за повеќе од литар на 100 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *