Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>22 јануари 1954 година

Авион на тркала

» Со намера да ги испитаат можностите за практична примена и своите инженерски капацитети за конструирање технички екстремни решенија, General Motors во ’40-тите и ’50-те години од минатиот век работеше на проект на автомобил со гасна турбина. Овој тип на мотор познат во авионската индустрија беше прилагоден за задвижување на возило преку механичка трансмисија, чиј прв прототип со ознака XP-21 Firebird беше покажан на денешен ден 1953 година. Теоретски неговите 370 коњски сили можеа да го дотераат до 320 километри на час и да го забрзаат до 100 km/h за помалку од 4 секунди, но во реалноста овој авион на тркала имаше многу недостатоци. Еден од нив беше и лошата управливост и недостатокот на моторното кочење што беше причина уште на првите тест возења тој да биде скоро уништен. Проектот сепак беше продолжен, но без брзински тестирања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *