Tags: , , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>23 јануари 2007 година

Првиот плаг-ин автомобил со горивни ќелии во светот

» Со големи амбиции, Ford го престави концептот Edge HySeries. Станува збор за првиот плаг-ин автомобил со горивни ќелии во светот. Двата електромотора од по 174 KS кои го задвижуваат ја црпат енергијата од литиум-јонските батерии првите 30-тина километри од возењето, после што се вклучува системот горивни ќелии кој ја произведува потребната струја. Целиот погонски систем беше модуларно замислен така што можеше место горивни ќелии да се вгради бензински или дизел мотор кој ќе служи како генератор.

Ford не ги реализираше своите планови што ги имаше со ваквиот погонски концепт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *