Tags: ,
И Volkswagen станува електрична марка

За почеток само во Европа

» Volkswagen како група силно навлегува во електрификацијата, а како марка меѓу 2033 и 2035 година во Европа повеќе нема да продава возила со мотори со внатрешно согорување. Ова според шефот на продажбата Клаус Целмер е подготовка брендот за заострените CO₂ таргети што ги најави ЕУ. Целосното префрлување на електрични возила ќе се случи и во САД и Кина, но подоцна. За Латинска Америка и Африка, според Целмер, ќе биде потребно подолго време заради фактот што таму сé уште недостасуваат политички услови и инфраструктура за тоа. Но сепак најдоцна до 2050 година, целата глобална флота на VW треба да биде CO₂ неутрална. Клучен модел во електричната стратегија на марката која предвидува до 2030 година 70% од европската продажба да бидат целосно електрични возила е ID.4.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *