Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>4 декември 1936 година

Најдолговечниот автомобил во историјата

» Британскиот Morgan, основан во 1910 година, беше специјализиран за производство на автомобили со три тркала, главно со V2 мотори. Затоа и со не мало изненадување беше дочекана нивната одлука да направат возило со четири тркала, кое беше лансирано во 1936 година под ознаката 4/4, при што едната четворка го означуваше бројот на тркалата, а втората бројот на цилиндрите на моторот. Иако беше голем чекор напред, никој жив не можеше да претпостави дека ќе постигне таков култен статус и долговечност, задржувајќи се во производство сé до 2019-тата. За тие 83-те години доживеа неколку технички и дизајнерски промени, а од него беа изведени и повеќе други модели но некои работи останаа исти – челичната шасија, дрвената конструкција на која беа прикачени панелите од каросеријата и рачната изработка. Заради тоа и бројот на произведени примероци е мал – од сите верзии на 4/4 и сите модели настанати на негова основа за сите овие децении направени се околу 35 илјади возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *