Tags:
Skiway to Timberlane (видео)

Летечки автобус

» Најнеобичната жичара во историјата е изградена во 1951 година во едно од одморалиштата на планината Худ во Орегон. Изгледот не ве лаже – гондолата навистина е направена од обичен градски автобус. Задвижуван од два мотора со по 185 коњски сили, по сајлите долги нешто помалку од 5 километри и поставени на 38 челични столба за 10 минути можеше да превезе 36 патници кои седат и уште 14 кои стојат. Сепак и покрај атрактивноста, оваа жичара имаше многу проблеми – беше неверојатно бавна и монструозно бучна, до толку што и раководителот на спасувачката служба кој работел таму рече дека се качил на ова чудо само еднаш и имал доволно впечатоци до крајот на животот. Плус на тоа искачувањето со овој летечки автобус чинеше 75 центи наспроти 50 колку што се плаќало за возењето до горе со нормален автобус по планинскиот пат.

До идејата да се направи ваква жичара е дојдено едноставно – сакале да заштедат и место гондоли зеле градски автобус и со минимални преработки добиле туристичка атракција. Експлоатацијата сепак била скапа и незгодна, заради што после 11 години служба чудната жичара била расклопена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *