Tags: , , ,
Експедиција Крагуевац-Килиманџаро (10*видеа, фото-галерија)

Заборавена авантура на Zastava 101

» Некаде на средината на ’70-тите години, во Zastava се раѓа луда идеја за меѓународна промоција на новиот 101 и негово испитување во ненормални услови – да се отиде до срцето на Африка, до Килиманџаро. Сигурни сме дека реализацијата на една ваква намера во тоа време не била ниту лесна ниту едноставна, но ќе го скокнеме тој од приказната и ќе ја започнеме со симнувањето на 5-те нови автомобили од фабричката лента, сосема сериски, наменети за извоз во Франција. На нив се интервенира минимално – се додава маслен предфилтер за воздух, минимално се засилува предното ослонување и се менуваат навлаките на седиштата со посоодветни за врелото африканско сонце.

Експедицијата долга 11.000 километри на својот пат низ Грција, Египет, Судан, Кенија и Уганда до Танзанија тргува на во февруари 1975 година. Југословенскиот пасош ѝ ги отвора сите врати, а механиката на новиот автомобил од Крагуевац ги совладува сите препреки. Дефектите се бројат на прсти и двајцата механичари се возат со останатите 9 члена на експедицијата како кралеви, практично без работа – сé се сведува на рутинска контрола и превентивни зафати. Покрај возењето по каменливите патишта каде страдаат пневматиците, најголемите проблеми се јавуваат на пустинскиот песок каде возилата за да не заглават мора да поминуваат преку него со брзина од 120 километри на час, и тоа на пеколни температури.

На крај, сите маки се исплатеа – експедицијата успешно беше завршена со планинарење и искачување на Килиманџаро, по што возилата беа натоварени на брод а членовите со авион се вратија дома. Сведоци за оваа авантура се фотографиите од приватните архиви и овие кратки исечоци од документарниот филм снимен за неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *