Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>7 ноември 1940 година (видео)

Ветрот им одржа лекција на инженерите

» На денешен ден 1940 година, само четири месеци по пуштањето во сообраќај, се сруши мостот на теснецот Такома во близната на Сиетл. До катастрофата дојде под резонантните удари на ветрот кои предизвикаа вибрации што се поклопија со внатрешната фреквенција на конструкцијата. Инженерите сега доста добро знаат што значи тоа, но во тоа време тие за овој трет најдолг во светот висечки мост (1.816 метри) сметаа дека е целосно сигурен. Ветрот кој периодично дуваше со брзина од 60 до 70 километри на час им покажа дека не се во право. Интересно е дека првиот забележан ваков случај во историјата е од 1831 година кога марширањето на група војници во Англија има доведено до рушење на мостот по кој поминувале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *