На „Професорот“ му е роденден
» На денешен ден 1955 година се роди четирикратниот светски шампион во формула 1 Ален Прост. Овој француски возач со ерменско потекло на 14-годишна возраст започна да вози картинг, што му беше влезница во светот на авто-спортот во кој според рекордите доминираше сé до појавувањето на Шумахер. Во формула 1 каде учествуваше до 1993 година има освоено 51 победа, а после повлекувањето од трките се врати како сопственик на тимот кој го носеше неговото име. Остана запаметен со лежерниот стил на возење и интелектуалниот пристап кон конкуренцијата која ја победуваше и со помалку освоени победи, заради што го носи прекарот „Професорот“.