Tags: ,
DSG менувачи – 20 години на пазарот (2*видео)

DSG менувачите со двојна спојка предизвикаа револуција

» Погонската револуција слави роденден – пред точно 20 години Volkswagen започна со продажба на првиот сериски автомобил со автоматизиран DSG менувач со двојна спојка, Golf R32 кој беше претставен пред крајот на претходната 2022 година. Уверливите својства во динамиката, комфорот и штедливоста на овој тип трансмисии се потврдија уште на стартот и веднаш беше препознат како автоматски пренос за модерното доба. Успеа да се етаблира низ сите сегменти, посебно во компактниот каде класичниот автоматски менувач беше прескап, ги убиваше перформансите и трошеше многу. Негова главна особина е побрзото менување на степените на пренос отколку што може било кој возач да го направи. Во последно време малку забави со својата пробивност, но успеа да остане посакувано парче механика. Во моментите на најголемата слава и покрај сериозно високата цена беше избор на голем број купувачи, особено во Германија каде техниката посебно се цени – конкретно 30 отсто од Polo, 40 отсто од Golf, половина од T-Roc, 60 отсто во лимузинскиот и 70 во караванскиот Passat, 80 отсто во Arteon и скоро сите во Tiguan Allspace.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *