Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>21 декември 1934 година

Преголемите амбиции пресудија

» Андре Ситроен беше талентиран инженер и голем визионер, но и амбициозен бизнисмен што беше причина што во 1934 година неговата компанија која едно време беше втор по големина производител во светот отиде во банкрот. Таа уште од основањето после првата светска војна патеше од недостаток на капитал, заради што беше премногу зависна од банките. Профитот се топеше во исплаќањето на долговите, а тоа што остануваше го јадеа огромните инвестиции на Citroen во развој и маркетинг. Да споменеме само дека Ајфеловата кула од 1925 до 1934 година му служеше како огромен билборд. Плус на тоа Андре беше и човек кој иако бараше многу, ги почитуваше и плаќаше работниците – неговата компанија во 1927 година како прва во Европа започна да им исплаќа 13-та плата. Сметаше и дека возилата треба да бидат евтини и пристапни, што дебело се одразуваше на приходите. На крај пресудија огромните трошоци за развој на револуционерниот Traction Avant и градењето на новата фабрика – банкарите го загубија трпението постојано да се расправаат со неговата хронична беспарица и компанијата ја презеде Michelin кој успеа да спаси 25.000 работни места и да смири 1.500 доверители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *