Непризнат рекорд
» На денешен ден 2019 година тест возачот на Bugatti Енди Волс со претпроизводствен примерок на Chiron Super Sport 300+ постигна максимална брзина од 490,484 km/h, односно 304,773 милји на час, од каде доаѓа бројката во ознаката на моделот. Иако оваа брзина не е призната како рекордна, неа досега не успеа да ја надмине ниту еден друг автомобил.