Tags: , ,
Дизајн на Pininfarina и 10 години гаранција – такви се електричните автомобили од Виетнам (видео)

За почеток два електрични SUV модела

» Младиот но амбициозен виетнамски производител на возила VinFast годинава ќе започне со продажба на своите возила во Европа. За почеток тоа ќе бидат два SUV модела, и двата електрични, какви што впрочем ќе бидат и сите идни модели кои марката ќе ги пласира. Тие ќе ги освојуваат купувачите со 10-годишната гаранција која ја гарантира најсовремениот производствен процес во кој Виетнамците вложија милијарди долари. И не само тоа – за да бидат поблиску до купувачите, тие веќе бараат локација во Германија каде ќе ги произведуваат своите возила. За оваа компанија прв пат слушнавме во 2018 година кога се претстави на салонот на автомобилите во Париз со два модела со дизајн на Pininfarina и механика од BMW. Во меѓувреме се определија електрификацијата да им биде стратешка определба за иднината и за својот интернационален настап подготвија гама од пет SUV модела кои сукцесивно ќе бидат лансирани оваа и наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *