Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>1 август 2012 година

Заврши едно од најризичните преземања во современата автоиндустрија

» На денешен ден 2012 година Porsche стана дел од Volkswagen групата, со што заврши едно од најризичните преземања во современата автоиндустрија. Приказната започна во 2005 година кога Porsche SE, холдинг компанијата на семејствата Порше и Пих, започна да купува акции од VW групата со намера да ја презеде, и тоа со парите што ги заработи како најголем дистрибутер на возилата од групата. Но Volkswagen го штитеа протекционистички германски закони и на Porsche SE му требаше учество поголемо од мнозинско за да може навистина да раководи со компанијата, заради што длабоко се задолжи кај банките. Следеше серија ризични бизнис маневри низ правните лавиринти полни со стапици меѓу кои и кривична одговорност, за на крај Porsche SE да го продаде целото свое учество во производителот на автомобили Porsche AG на Volkswagen и со тие пари да ги врати кредитите, попат избегнувајќи и плаќање дебели даноци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *