Дали трудниците смеат да возат?

Одлуката е субјективна

» Најбитно што треба трудниците да знаат е при возењето да не паничат дека нешто ќе им се случи ним или на детето. Одлуката дали да се седне за воланот е субјективна – ако трудницата не се чувствува удобно и добро, ако има чести мачнини, вртоглавици, главоболки или некои други тегоби кои можат да ја пореметат концентрацијата кои најчесто се јавуваат во првите месеци на бременоста, тогаш никако не се препорачува да се вози. Ако пак се чувствува добро, слободно може да ужива во возењето, но посебно треба да се внимава на сигурносниот појас бидејќи повеќето трудници мислат дека е подобро тој да не се врзува. Во случај на сообраќајна несреќа ако појасот не е врзан, тогаш стомакот директно удира во управувачот. Сите стручњаци нагласуваат дека е побезбедно и за бебето и за мајката таа да е врзана, без оглед каде се наоѓа во возилото. Но појасот треба правилно да биде поставен – долниот дел под стомакот и преку колковите, а горниот преку рамењата и никако преку вратот, најдобро дијагонално меѓу градите. Исто така, во текот на возењето треба да се проверува појасот случајно да не се излизгал преку стомакот.

Возењето во последната фаза од бременоста не е препорачливо, посебно не на подолги релации, бидејќи стомакот е премногу блиску до управувачот а мајката мора да седи неудобно, во згрчена положба која сигурно не одговара на бебето. Треба да се знае и информацијата дека во Канада е спроведено истражување како трудниците се снаоѓаат во сообраќајот, во кое во текот на пет години се следени половина милион жени. Резултатите покажаа дека трудниците учествувале во 42 отсто повеќе несреќи отколку жените кои не се бремени, при што како најризичен се покажал петтиот месец од бременоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *