Tags: , ,
Peugeot ги опреми 3008 и 5008 со 48-волтен хибрид

Повеќе задоволство, помала потрошувачка

» Следејќи ја својата мултиенергетска определба купувачите да имаат комплетен избор погонски опции, Peugeot ги опреми 3008 и 5008 со 48-волтен хибрид. Нивната погонска единица е базирана на новата генерација на PureTech 1,2 литарскиот мотор со 136 КС и e-DCS6 електрифицираниот менувач со двојна спојка и нуди повеќе задоволство при возењето и помала потрошувачка. При урбано возење двата SUV модела на Peugeot може да работат повеќе од 50% од времето во електричен режим со 100% нулти емисии. Во секојдневното возење моторот со внатрешно согорување и електромоторот работат заедно. При силни забрзувања електромоторот обезбедува дополнителни 28 KS, a кога возилото забавува бензинскиот мотор се исклучува и електричниот мотор станува генератор за полнење на батериите. Низ град на кратки дестинации и при маневрирање, задвижувањето на возилото е исклучиво со електромоторот. Оваа технологија ја намалува потрошувачката на гориво до 2,5 l/100 km во град и 0,7l/100 km на отворен пат, додека потрошувачката на автопат останува непроменета. Исто така емисиите на CO₂ се намалуваат за просечни намалување од 20 g/km.

Peugeot уште најави и дека оваа 48-волтна хибридна погонска група наскоро ќе биде достапна и кај другите модели од гамата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *