Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>22 декември 1952 година

Раѓањето на една легенда која сé уште живее

» Идејата на General Motors за спортски двосед што ќе им се спротивстави на британските и италијанските родстери започна да се реализира во 1952 година. Тогаш под кодната ознака Project Opel беа развиени неколку прототипи. Првиот кој беше комплетиран на денешен ден, беше претставен во јануари ’53-тата на манифестацијата Motorama во Њујорк. Публиката беше воодушевена и General Motors ги забрза плановите за неговото производство кое започна после само половина година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *