Знаеме ли како да се грижиме за бришачите?
» Бришачите за ветробранското стакло се едни од најважните нешта за безбедно возење. Без нив нема да можеме ништо да видиме на дожд или снег. Затоа паметно е добро да се грижиме за нив, посебно на зима. Ова треба да го знаеме кога бришачите се во прашање:
Бришачите не се четки за рибање
Главна работа на бришачите е бришење на водата од дождот и снегот од ветробранското стакло. Тие служат и за отстранување на честичките прашина, нечистотијата и мушички, но тоа остава траги на нив и со текот на времето ги оштетува. Колку повеќе на стаклото ќе има засушени остатоци од инсекти, испаѓано лисје, борови иглички или други крути парчиња од било што, толку е поголем ризикот од оштетувања на метличките на бришачите што ќе резултира со послабо отстранување на падавините.
Бришачите не се стругачи за мраз
Што кога бришачите ќе се смрзнат на ветробранското стакло на зима? Тоа не е голем проблем, но никогаш не би требало да се вклучуваат кога стаклото е замрзнато, без разлика дали тие се залепени за него или не. Заради тоа добро е, ако веќе мора да се паркира надвор на такви услови, бришачите да се подигнат навечер да не го допираат ветробранското стакло.
Не дозволувајте течноста за стаклото да замрзне
Голем проблем за бришачите претставува и кога тие ќе се вклучат а течноста за ветробранското стакло е замрзната. Како што знаеме, таа е различна за лето и зима и затоа ако не сме ја замениле подолго време, треба да го направиме тоа. Бидејќи е проблем таа да се извлече од садот, потрошете шприцајќи барем дел од неа и досипете од зимската, а напролет не дополнувајте го садот до врв со летна течност за наредната зима да имате помалку непотребни главоболки.
Кога треба да се заменат бришачите?
Често прашање на кое одговорот доаѓа сам по себе. Бришачите иако се доста издржливи, знаат да не траат долго. Кога дошло време за нивна замена лесно се забележува – ако не го чистат стаклото како што треба, оставаат траги или пак стругаат по него, време е за нови без разлика колку години поминале од замената, што зависи од тоа дали сме купиле оригинални или пак некои поевтини заменски.