Напредни електро-хидраулични сопирачки
» Brake-by-Wire или во превод кочење преку жица е термин кој се користи за електро-хидрауличните сопирачки кај кои механичката врска меѓу педалата и кочните цилиндри е заменета со електрична. Овој систем овозможува кочната сила да се регулира посебно на секое тркало според оптоварувањето, брзината и прилепувањето кон подлогата, како и сите сегашни електронски системи да работат поквалитетно. Првите експерименти со Brake-by-Wire системите кај автомобилите се извршени уште пред две децении, но масовната примена засега изостанува. Причините за тоа се недоволно докажаната сигурност во сите услови, посебно во критични ситуации, како и недовербата што се јавува кај возачот.