Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>30 јануари 1920 година

Започна како производител на плутени тапи

» Во Хирошима, на денешен ден во 1920 година, беше основана компанијата Toyo Cork Kogyo, чија дејност беше производство на плутени тапи. Тогашниот нејзин прв човек Јујиро Мацуда брзо ја трансформираше во производител на машини и алати, за во 1931 година да биде претставен и товарниот трицикл Mazda-Go. Да не ве чуди логото на Mitsubishi на него, бидејќи продажбата одеше преку неговата мрежа. После ревитализацијата од штетата што ја претрпе за време на втората светска војна, само четири месеци после атомската бомба компанијата продолжи со товарната програма но во посовремена форма.

Вистинскиот влез во светот на автомобилите се случи наредната 1960 година. Тогаш беше претставен првиот автомобил наречен Mazda R360 кој беше толку успешен што веднаш освои 15 отсто од целокупниот јапонски пазар. При крајот на деценијата компанијата започна со извоз во Европа, Канада и САД, а своето име формално го промени во Mazda дури во 1984 година. Компанијата лани глобално продаде нешто помалку од 1,3 милиони возила, од кои една третина од моделот CX-5. Според некои податоци денес Mazda придонесува со околу една третина во целокупните приходи на Хирошима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *