Што возат психопатите?

Кој ли има корист од вакво истражување?

» Со големо прашање зошто воопшто е спроведена, една британска студија дава детален увид во тоа што возат психопатите. Во неа се анкетирани повеќе од две илјади возачи кои прво дале детали за автомобилот што го возат, а потоа биле подложени на психо-тест со кој се одредуваат нивните психопатски способности, одредени според бодовите „освоени“ на него. Така е утврдено дека на прво место се возачите на BMW со просечна оценка од 12,1, на второ оние на Audi со 11,7, додека далеку зад нив се Fiat (7,0), Mazda (6,4), Honda (6,3), Ford (6.1)… Интересно е и дека поголеми психопатски особености покажале возачите на електричните автомобили кои освоиле високи 16,0 бода, во споредба со сопствениците на хибридните (9,8), бензинските (7,0) и дизел возилата (5,2). Според бојата пак, предничат љубителите на златната (12,7) и кафеавата (12,2).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *