Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>5 јануари 2003 година

Rolls-Royce влезе во 21-от век

» Пет години по преземањето на марката Rolls-Royce, BMW го претстави новиот Phantom кој го внесе британскиот производител во 21-от век. Иако и за време на неговиот развој се дознаваа некои детали, светот остана подзинат кога го виде. Во седмата генерација на овој модел Германците успеаја на неверојатен начин да ги спојат модерното со минатото, лансирајќи современ автомобил во кој целосно се вткаени гените на славната дотогаш 99-годишна историја на Rolls-Royce.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *