Tags: , , ,
Погледнете ја светската премиера на Mercedes EQS SUV (видео)

Редефинирање на луксузот

» Дојде редот и на седмиот електричен модел на Mercedes. Веќе неговата малку неинвентивна ознака EQS SUV кажува кој е и што е. Ќе ја има улогата на знаменосец на марката, барем додека не се појави неговиот Maybach пандан. За разлика од лимузинскиот му брат EQS, иако ја има истата платформа, ќе се произведува во САД, за почеток само со едно батериско пакување со капацитет од 107,8 kWh. Но не се само батериите мамутски – такви се и димензиите: 5.125×1.959×1.718 mm. Иако е понизок и пократок од GLS, има поголемо меѓуоскино растојание од него – вкупно 3.210 mm. Во поглед на погонскиот склоп на располагање е во три верзии. Првите две со 355 KS и со вртежен момент од 568 Nm во верзијата со погон само на задните и 800 Nm во 4Matic изведбата, а втората со огромни 536 KS и 858 Nm, секогаш распределувани на сите тркала. Автономијата, според интерните мерења, се движи меѓу 507 и 660 километри, а времето на полнење на суперполнач од 200 kW е 31 минута до 80% капацитет. Технологиите, јасно, не недостасуваат – EQS SUV поседува апсолутно сé што Mercedes има во својот арсенал. Она што му фали е багажен простор ако се возат седмина патници, а колкава е цената ќе дознаеме во вториот дел од годинава, кога треба да му започне продажбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *