Важно при замена на турбо компресорот

Турбо компресорот не откажува сам од себе

» Кај старите автомобили посебно дизелите постои реален ризик од откажување на турбо компресорот. Но тој не откажува сам од себе – проблемот лежи во дотраеноста на моторот заради што паѓа притисокот на маслото кое го подмачкува и лади турбо компресор и тој еден ден ќе откаже. Но пред да се замени со друг, нов или обновен сеедно, моторот треба темелно да се прегледа и да се направи механичка и електронска дијагностика. Имено, заради трошењето на лежиштата, цилиндрите и клипните прстени зјаевите во лизгачките контакти се зголемуваат и притисокот на маслото се намалува. На тоа укажуваат зачестеното палење и подолгото светење на контролната сијаличка за притисокот на маслото. Неговото опаѓање најмногу се манифестира во горниот дел на моторот, посебно во турбо компресорот кој се врти и со повеќе од 200.000 вртежи во минута и тој прв ќе настрада. Заради тоа пред вградувањето на нов турбо компресор задолжително треба да се провери притисокот на маслото во моторот, на минимум и во среден режим. Веќе при 800-900 вртежи во минута притисокот минимално треба да биде 1 бар (ако моторот е во одлична состојба тогаш најмалку 1,5 бари), а на 2.000 вртежи во минута треба да порасне на минимално 3 бари (кај добрите мотори од 4 до 5 бари). Проблем може да биде и дотраеноста на пумпата за масло. Ако се утврди дека моторот е дотраен, најпрво треба да се направи темелна поправка – можеби дури и ремонт. Дури тогаш турбо компресорот треба да се замени.

Накратко, нов односно обновен турбо компресор се вградува само во мотор кој е во добра состојба. Во спротивно и тој брзо ќе откаже.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *