Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>20 април 1955 година

Првиот милионски модел на Peugeot

» Иако веќе со месеци прототипите често се среќаваа на улиците на Сошо, претставувањето на Peugeot 403 кое беше одржано на денешен ден 1955 година на Трокадеро во Париз го привлече вниманието на новинарите и јавноста. Дизајнирана од Пининфарина кој француската марка го ангажираше за прв пат, оваа семејна лимузина која зрачеше со елеганција и авторитет беше отелотворение на желбите за подобра иднина што ги донесуваше поствоеното економско опоравување на земјата. Појавувањето на футуристичкиот Citroen DS есента истата година малку му го наруши пазарниот поход, но 403 со стабилноста на производството и својот квалитет успеа да го задржи имиџот и сé произведуваше сé до 1966-тата, цели шест години после појавувањето на неговиот наследник, моделот 404. Беа направени 1.214.126 примероци, со што 403 стана првиот модел на Peugeot кој надмина милион. Заслуга за тоа имаа и бројните каросериски изведби – покрај лимузината уште и кабриолетот, караванот, пикапот и доставната фургон изведба, со бензински или дизел мотор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *