Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>18 декември 1999 година

Заслужено!

» После долг и сеопфатен процес на избор, Ford Model T беше прогласен за автомобил на векот. Иницијативата за прогласување на автомобил кој имал најголемо влијание врз автомобилската индустрија во 20-тиот век започна во 1996 година со креирањето на листа од 700 возила (од вкупно предложени околу 4.000) од страна на организацискиот комитет на изборот. Во наредните две фази таа прво беше скратена на 200 а потоа на 100 возила, за после тоа жирито заедно со јавноста преку интернет гласање да ја редуцира на 26. Финалната рунда која се одвиваше во 1999 година предвидуваше сите 133 члена на жирито составено од професионални автомобилски новинари од 33 земји да изберат пет финалисти, меѓу кои после бодувањето Ford Model T изби на чело со 742 бода, следен од Mini со 617, Citroen DS со 567, Volkswagen Буба со 521 и Porsche 911 со 303 бода.

Беа доделени и наградите за автомобилска компанија на векот која ја освои Ford, потоа за дизајнер на векот која отиде кај Џорџето Џуџаро, автомобилски менаџер Фердинанд Пих и инженер неговиот дедо Фердинанд Порше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *