Официјални скици на освежениот Škoda Karoq
» Škoda Karoq ќе биде освежен – како, ќе дознаеме на 30 ноември но веќе сега врз основа на овие први официјални скици знаеме што можеме да очекуваме. Не беше тешко да се предвиди дека изгледот на овој SUV нема да доживее револуција – Чесите како и кај поголемиот Kodiaq првенствено се концентрираа на деталите. И предните и задните светла ќе добијат помодерен, потенок облик, заради што Karoq ќе изгледа подинамично. Ново на задниот дел ќе биде и натписот место амблемот на марката, развлечен преку целата широчина меѓу светлата. Внимание привлекуваат и црните контрастни инсерти и агресивниот браник со големи отвори за воздух.
За тоа што ново ќе има внатре, ќе почекаме.